Брзо се вози на автопатот Куманово-Скопје-Велес, полицијата со полни раце работа

by Fokus

МВР спроведува засилени контроли на автопатиштата во Македонија, а возачите кои возат непрописно добиваат соодветна санкција.

„Денеска (29.08.) во периодот од 13 до 19 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 99 возачи. 15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца со дури над 70 километри на час над дозволеното.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

 

Поврзани новости