Арамиски туризам во Кавадарци: Отседнал во хотел и извршил шест кражби во градот!

by Fokus

Маж од Орланци, Арачиново, на возраст од 42 години, завчера бил приведен, бидејќи во рок од неколку дена извршил шест тешки кражби во Кавадарци.

Како што дознаваме, тој дошол во градот, изнајмил хотелска соба и се пуштил во арамиски поход во повеќе продажни објекти низ Кавадарци. Но, освен во повеќе трговски објекти, тој дури извршил и кражба во хотелот каде бил сместен.

Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот, и соопштија дека лицето ги признало кражбите.

– По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново. Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави – известија од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости