Апелација одлучи: Нема притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак остануваат без пасоши

by Fokus

Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер нема да одат во притвор, но и понатаму ќе останат без своите пасоши. Ова е официјалната одлука, која денеска ја донесе Апелациониот суд.

Судијата Сафет Кадриу за „Фокус“ појасни дека донесена е одлука да се отфрлат жалбите на Специјалното јавно обвинителство, со кои бараат притвор за обвинетите во Титаник, но истовремено одлучиле да ги одбијат жалбите на осомничените, со кои ги бараа назад нивните пасоши.

Ова значи дека Апелациониот суд го потврди првостепеното решение на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1.

В.В.

Поврзани новости