Георгиевски: Колку лицемерие има во ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски заборавил дека се декларираше за чист Бугарин

by Fokus

Кога зборуваме за договорот со Бугарија јасно мораме да кажеме дека ако не беше моронската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ према истата држава, воопшто немаше ни да има потреба за таков договор. Како што да не беше антиквизацијата веќе одамна со ФИРОМ ќе бевме во НАТО, порача преку својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски.

– Читајќи ја најновата дпмнеовска хистерија против договорот за добрососедство неможам да се изначудам каков историски анафалбитизам постои во раководството на оваа партија. Колку силна пројугословенска идеологија ја има заробено мојата бивша партија? Колку лицемерие демонстрираат одредени луѓе? Антонио Милошоски фронтменот на оваа операција заборавил ли дека во првото ВМРО неговата единствена вредност беше што се декларираше за чист Бугарин. ВМРО-ДПМНЕ се претвора во комплетна идеолошка карикатура – истакна Георгиевски.

Поврзани новости