Антонио Милошоски предложи локални избори во јули или во септември, а може и во октомври

by fokus

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи, како што рече, соодветен термин за одржување на брзи локални избори во интерес на граѓаните и општините, кои би се одржале на 2 јули.

Тој го повика парламентарното мнозинство веднаш да создаде услови за распишување на локалните избори и да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците во овој меѓу период.

– Според нас овој датум е најдобар за граѓаните и со одржување на брзи локални избори сите ќе може сериозно да се фатат за работа и да почнат да испорачуваат резултати на локално ниво. Доколку парламентарното мнозинство не е спремно за брзи локални избори во јули, вториот термин кој што е прифатлив е средината на септември, односно одржување на локални избори на 17-ти или 24-ти септември – рече Милошоски додаваќи дека третиот датум за кој ВМРО – ДПМНЕ смета дека е соодветен е локални избори на 15-ти октомври.

Поврзани новости