Агресивен Словенец нападнал полицајци во кафеана во Скопје

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Г.(40) од Република Словенија затоа што во угостителски објект на ул. „Бутелска“ во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените во објектот и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости