Абас и Нетанјаху следната недела во посета на Турција

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги пречека палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на одделни средби следната недела, јави Анадолија.

Дирекцијата за комуникации на претседателството на Република Турција соопшти дека двајцата лидери ќе ја посетат земјата на покана на Ердоган и ќе разменат мислења за актуелни регионални и глобални прашања.

За време на посетата на Абас на 25 јули, двете страни ќе разговараат за односите меѓу Турција и Палестина, најновите случувања во израелско-палестинскиот конфликт и други актуелни регионални и меѓународни прашања.

Во меѓувреме, Ердоган ќе го прими Нетанјаху на 28 јули. За време на разговорите детално ќе се разговара за билатералните односи меѓу Турција и Израел, се наведува во соопштението.

Ќе разговараат и за чекорите што може да се преземат за подобрување на соработката меѓу двете земји.

Се очекува за време на разговорите двете страни да разменат мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања, како и за билатералните односи.

Поврзани новости