Со нож дупната гумата на автомобилот на Фросина Ременски

by Фокус

Додека потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, синоќа учествуваше на дискусијата пред Владата, некој со нож и ја дупнал гумата на автомобилот, кој бил паркиран на паркинг, во непосредна близина. Ременски случајот го пријавила во полиција, а се сомнева дека нејзиниот автомобил не бил случајно избран.

-Автомобилот беше паркиран во периодот од 18.30 до 22 часот. Откако забележав дека гумата е дупната и тоа со нож, случајот го пријавив во Прва полициска станица, од каде што очекувам брза разрешница. Настанот се случил на многу видно место, па затоа е речиси невозможно некој да не забележал. Премногу случајности за кратко време, вели Ременска.

Дискусијата пред Владата, пак беше со наслов „ Правата на полицајците – гаранција за нашата безбедност“.

– Од независниот полициски синдикат сигурно нема да врачат плакета за благодарност на работодавачот, бидејќи природно е Синдикатот секогаш да му пркоси на работадавачот и да ги бара правата на работниците, наспроти да промовира владини политики за 2017 година во кои ќе се најави покачување на плата од 20 отсто. Тоа се случува во македонскиот полициски синдикат, наспроти се она што треба да биде заложба за реалните права на полициските службеници од кои зависи нашата безбедност.
Онаа клучна компонента за која ние се залагаме е тие полицајци професионално да си ја вршат својата должност, притоа не стравувајќи дека заради своето професионално постапување ќе бидат несоодветно третирани од страна на врвот на МВР како што се случува.  Ако гледаме тоа што денеска ни се случува да не ни е чудо зошто вака огромен криминал и поминал пред нос на полицијата, затоа што секој кој се обидел да напише службена белешка, да поднесе кривична пријава против вака високо рангирани функционери во власта, верувајте завршил некаде далеку и од своето семејство и од своите колеги кој што до вчера ги имал во своето опкружување. Со мобинг, со притисоци, со се она што значи закана за работното место. Принципот на забрана за полицијата во политичката битка е клучниот принцип на кој се залагаме и на крајот -департизација на полицијата – рече Ременски.

Поврзани новости