Според МВР, редакцијата на Плусинфо е оштетена за 6.530 евра

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа за кражбата што вчера беше извршена во редакцијата на Плусинфо.

„Засега непознат сторител со употреба на тврд подесен предмет насила ја отворил балконската врата од една од канцeлариите на Здружението „Член 16“ лоцирано, пишува во денешниот билтен на МВР.

Според МВР, откако крадецот влегол внатре по извршеното пребарување одзел пет компјутери, еден фотоапарат, еден објектив, две видео-камери, два мобилни телефона и еден ранец, со што според пријавата, се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.530 евра.

Од МВР додаваат дека полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости