Чавков: Нема потреба од меѓународна истрага за Куманово

by Фокус

Прашањата за тоа кои биле мотивите и целите на терористичкиот напад во Куманово, бројот на загинати припадници на вооружената група, како и аудио-материјалите за наводни телефонски разговори меѓу разузнавачите и терористите, ќе ги даде истрагата и судскиот процес, очекува министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

-Нема потреба од меѓународна истрага за Куманово. Сите траги и докази се во рацете на Јавното обвинителство, изјави денеска министерот Чавков.

И по месец и половина од нападот во Куманово, не се јасни мотивите на терористичката група. Што се однесува до бројот на загинати терористи, привично беше објавено дека се работи за 14, а подоцна МВР информираше дека се десетмина.

Поврзани новости