Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19

by fokus 14:29
14:29

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители.

Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители, пренесува порталот 24 УР.

- Advertisements -

Како што се наведува, на почетокот на пандемијата, Белгија имаше највисока неделна смртност со 28,77 смртни случаи.

Кога станува збор за вкупната смртност, најпогодена е Велика Британија, каде починале 3,6 проценти од вкупниот број на пациенти, по што следи Италија со 3,5 проценти.

– Словенија стана земја со најголем број смртни случаи во Европа од средината на ноември, но многу е тешко да се каже дека е на прво место, изјави епидемиологот Алекс Јакулин.

Поврзани новости