Бектеши: Донесовме соодветна одлука кога предложивме да се раскинат концесиите за рудникот „Иловица Штука“

by fokus

Министерството за економија постапи согласно законите за минерални сурвини и за јавно-приватно партнерство, во моментот кога и предложи на Владата да се раскинат концесиите за „Иловица Штука“, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние уште не сме добиле писмо од Управниот суд. Тие имаат забелешки во постапката на Второстепената комисија која постапува согласно жалбите. Во моментот кога формално ќе го добиеме писмото секако дека ќе се жалиме на одлуката, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој им препорача на Комисијата и на Второстепената комисија да ги искористат сите можности за да се жалат, бидејќи, како што рече, сигурен е дека донеле соодветна одлука кога предложиле да се раскине концесијата со Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, за рудникот „Иловица Штука“.

Поврзани новости