11 лица загинаа при гранатирањето на градот Славјанск

by fokus

Најмалку 11 лица загинаа, а 21 лице е повредено во руското гранатирање на украинскиот град Славјанск во источна Украина.

Службите за итни случаи во источниот регион Доњецк соопштија дека меѓу загинатите има и двегодишно дете.

Гувернерот на Доњецката област Павло Кириленко претходно за националната телевизија изјави дека биле истрелани седум руски ракети С-300.

Поврзани новости