1,2 милиони деца може да починат поради намалување на здравствените услуги поради корона вирусот

by fokus

Во следните шест месеци, постои ризик да има дополнителни 1,2 милиони смртни случаи на деца под пет години, или 6.000 смртни случаи на ден,  како резултат од намалување на опфатот со рутински здравствени услуги и на поголемо заостанување во растот на децата, соопшти УНИЦЕФ, пренесува СДК. Оваа проценка е најлошото сценарио од три можни сценарија во 118 земји со ниски и средни приходи.

Пандемијата на коронавирусот, смета УНИЦЕФ, натаму продолжува да ги слабее здравствените системи и да ги нарушува рутинските услуги. Нивната проценка се заснова на анализа на истражувачи од Факултетот за јавно здравје Блумберг при Универзитетот Џонс Хопкинс, објавена во списанието „Лансет Светско здравје“.

Овие потенцијални 1.2 милиони смртни случаи кај децата ќе бидат згора на 2,5 милиони деца што веќе умираат пред 5. роденден на секои шест месеци во 118 држави вклучени во студијата. Ова претставува закана од уназадување на скоро еднодеценискиот напредок во ставањето крај на смртноста од болести кои може да се спречат кај децата под пет години.

Поврзани новости