Зекири: Носењето на Законот за јазици е обврска која мора се исполни

by fokus

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Мухамед Зекири во изјава за Макфакс вели дека порано или подоцна Законот за јазици ќе биде донесен. Тој не знае кога ќе биде свикана седницата за разгледување на законот, но вели дека до тогаш ќе има дополнителни координации со цел усогласување на ставовите меѓу партиите во Законодавниот дом.

„Носењето на Законот за јазици е обврска која мора да се исполни. Ние го гласавме два пати законот, тој е согласно уставот. Уставниот суд треба да пресече доколку тој не е регуларен. Дали законот ќе биде изгласан на наредната седница, останува да видиме. Порано или подоцна, Законот ќе биде донесен“, вели Зекири за „Макфакс“.

Во однос на прашањето дали СДСМ и коалицијата би дозволила повторно блокирање на Собранието поради Законот за јазици, Зекири вели дека тие немат таква желба.

Поврзани новости