Владата се задолжи со нови 21 милион евра

by Фокус

Преку продажба на едногодишни обврзници, денеска Владата се задолжи кај домашните кредитори со нови 21 милион евра. Ова задолжување не беше најавено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерството за финансии.

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.
По завршувањето на минатата календарска година, вкупниот јавен долг на Македонија изнесуваше 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.

Поврзани новости