Од владината прес служба не знаат дали и со кого Кочан имал средба во Владата

by fokus

Владината прес служба не може да ја потврди информацијата дека бизнисменот Сеад Кочан денеска бил на средба во Владата, откако во медиумите беше објавено дека бизнисменот попладнево бил во Владата.

-Не можам да ја потврдам информацијата со кого Кочан имал средба и дали имал средба со некого. Не станува збор за некаква официјална средба која би стигнала до владината прес служба. Утре повторно ќе провериме, изјави за „Фокус“ владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Сеад Кочан е обвинет во случај на „СЈО“ за нелегално добиен тендер во вредност од 17 милиони евра.

Поврзани новости