Борисов се поклони пред жртвите на Холокаустот: И ние сегашните политичари имаме одговорност

by fokus

Денес чествуваме и тагуваме со македонскиот народ за оние кои не успеаја да избегаат од нацистичката машина, не смееме да го заборавиме овој дел од приказната и не треба да правиме такви грешки, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов во своето обраќање во Скопје по повод одбележувањето на споменот на депортацијата на 7.144 Евреи во логорот на смртта Треблинка.

-Денеска сме тука за да искажеме почит и тага кон убиените, но и да извлечеме заклучоци и да сфатиме дека на Балканот треба да градиме, да работиме заедно, да одиме кон подобро уредување и народите да ни живеат среќно, а сето тоа да остане во историјата. Ако, не дај Боже, повторно дозволиме слични настани, тогаш сме глупави. И ние, сегашните политичари, имаме одговорност. Не сме ги заборавиле, слава им, и затоа дојдовме заедно со македонскиот народ да жалиме за тие што не успеале да се извлечат живи од нацистичката машина, рече Борисов.

Тој е првиот бугарски премиер кој дошол на одбележувањето на споменот на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во Треблинка.

Поврзани новости