(ГАЛЕРИЈА) Лицата на вмровците додека ја слушаа новата ера на Груевски

Стариот лидер Никола Груевски вечерва им ја рецитираше својата нова ера на членовите  и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“. Ним пак, како да им е доволно од неговата стара ера, па уште една би им дошла премногу.

По изразот на лицата додека го слушаа говорот кој траеше речиси два часа, може да се заклучи дека не веруваат дека новата ера ќе донесе нов Груевски. А, од стариот, им се темни и на кандидатите за градоначалници.