Заев се обрати на Генералното собрание на ОН: Можеме да постигнеме резултати само ако сме обединети

by Fokus 22:12
22:12

Премиерот на Македонија, Зоран Заев се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации од каде што истакна дека владата што тој ја предводи е посветена на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

– Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија – истакна Заев.

- Advertising -

Генерално тој изрази длабока загриженост за ракетните проби на Северна Кореја и се заложи за мирна денуклеаризација на оваа земја.

„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби“, рече Заев.

Заев нагласи за добриот однос кој владата што ја предводи го негува кон соседните држави, како и за потпишувањето на договорот со Бугарија за добрососедство.

 

Поврзани новости