Пратениците од ДУИ им се налутија на колегите од СДСМ зашто не сакале да го гласат Законот за јазици без амандманска расправа

by fokus

Законот за употреба на јазици ги скара коалиционите партнери од парламентарното мнозинство. Пратениците од ДУИ им се налутиле на своите колеги од СДСМ, затоа што одбиле да го гласаат Законот без да се расправа за илјадниците амандмани поднесени од опозицијата.

Неофицијално тоа било причината за неколкукратното одложување на вчерашната седница, која требаше да почне во 11 часот, но беше презакажувана. По вчерашните координации меѓу пратеничките групи немало договор како да се одблокира разгледувањето на Законот во трето читање. Причина било тоа што пратениците од СДСМ не се согласувале со намерата да се прескокне амандманската расправа, а на опозицијата да и се даде само право на процедурални забелешки.

По ова претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи седницата на неопределено.

Поврзани новости