Талевски и денеска на обвинителна клупа, ќе му се суди за „Транспортер“

by fokus

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски, денеска повторно ќе седне на обвинителна клупа во Кривичниот суд каде што му се суди за случајот на СЈО „Транспортер“.

Во овој предмет обвинети покрај Талески обвинети се 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што според СЈО е направена проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, а судијката Добрила Кацарска како причина, образложи дека е поради тоа што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.

Поврзани новости