Амбасадорите се интересирале за бројот на пријави од граѓаните до ДИК

by Фокус

Претставниците на меѓународната заедници денеска остварија средба со ДИК, на која се интересирале за вкрстената проверка на базите на податоци од 10-ти институции била во фокусот, како и тоа колку пријави имало од граѓаните за нерегуларности во Избирачкиот список.

-Ќе најдеме решение да ги провериме и сите спорни адреси што ни ги испраќаат граѓаните, тие ќе бидат детално проверени и ќе биде постапено по нив. Што се однесува до теренската проверка, ќе бидат проверени спорните податоци од вкрстената проверка, по средбата изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Тој рече дека Државната изборна комисија ќе ги исполни сите активности за прочистување на Избирачкиот список предвидени со согласноста дадена од четирите политичките партии.

Поврзани новости