Зврлевски ќе ја одредува висината на додатоците на обвинителите на Јанева

by Фокус 12:59
12:59

Со 56 гласа „за“ и 24 „против“ Собранието на Република Македонија ги усвои во скратена постапка во прво читање измените на законите со кои судиите и јавните обвинители ќе може да добиваат повисока плата.

До најмногу 35 отсто од основната плата ќе може да се делат додатоци на плати на судиите за висок ризик и доверливост.

- Advertisements -

Во прво читање помина и измената на законот за јавни обвинители, со кои тие ќе добиваат додатоци за висок ризик и доверливост.

Поврзани новости