ФСП: Материјалите беа „сечени, лепени, креирани“, а власта не сака да сведочи јавно

by Фокус

Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО ДПМНЕ „да прекине да се крие зад тајните сведочења“ и во интерес на вистината и партијата да соопшти се што има јавно и транспарентно пред Анкетната комисија.

– Со месеци не убедувавте дека снимките се сечени, лепени, монтирани и креирани и оној момент кога требаше и со дела да го покажете тоа вие се криете и со тоа внесувате дополнителен сомнеж како во самите вас, така и во работењето на партијата. Ако навистина сте невини Ве повикуваме да почнете да се однесувате одговорно и да сведочите јавно со што би ја тргнале анатемата која е надвисната над партијата – се наведува во соопштението на Форумот.

Оттаму, ги потсетуваат членовите на Анкетната комисија дека истата е формирана за да се дознае вистината, која треба да и биде соопштена на јавноста.

Поврзани новости