Заев: Власта сака да ги извитопери фактите за личните карти

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека очекуваат од Министерството за внатрешни работи, обвинителството и судот да ја истерат истрагата до крај.

– Не би сакал да отварам дилеми, но само ќе кажам преку владините медиуми власта се обидува да ги извитопери сите факти потенцирајки и споменувајки дека во еден момент укажуваат дека овие фиктивни лични карти не се употребени за избори, за да денеска ја обвинуваат опозицијата за ова работа и истовремено треба да се разграничи што е тоа фиктивни лични карти предадени на крајни корисници, што е тоа фиктивни лични карти предадени преку Фокус и пријавени преку Министерството за внатрешни работи заради отварање на истрага. Се отвара дилемата зошто требало после една ипол година од кога се завршени последните избори да се отвори истрага за потенцијално фиктивни лични карти. Но, оставам да се занимават со целосна истрага Министерството за внатрешни работи, обвинителството и судството за да на крајот се даде одговор на прашањата кој, зошто, со каква намера и за која потреба фалсификувал лични карти – истакна Заев.

Тој одговараше и на прашања поврзани со судскиот процес „Пуч“, каде најави дека поднел кривична пријава против јавниот обвинител што го води процесот Владо Милошески и судијата во предистражна постапка. Исто така, најави дека снимките што ги поседува до СЈО ќе ги поднесе кога затоа ќе бидат исполнети услови.

Поврзани новости