На аудицијата, актерите требало да се расплачат без причина и да ја кажат познатата реплика од “Тендер”: “Зошто ме мразите? Што лошо сум ви направил?”
Ван Дер Бик инаку е познат по сцената (на фотографијата погоре) кога се расплака во комедија надвор од сценариото, што му се допаднало на режисерот и решил да го остави кадарот во финалниот продукт.
И режисерот на “Тендер”, познат и како поранешен статист во Драмски, Никола Груевски, бил воодушевен од плачењето на Тодоров пред нападите на Шекеринска и Казанџиска, надвор од сите пи-ар сценарија што му ги подготвиле во партијата, па бил решен да го овековечи тој момент во серијата “Тендер”.
Засега е непознато колку епизоди од “Тендер” биле снимени на Градски стадион бб, но се очекува сите, една по една, да излезат во јавноста.