ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Измените на Изборниот законик ја загрозуваат работата на медиумите

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) се против на усвоените измени и дополнувања на Изборниот законик што го образложија во заедничко соопштение.

Тие истакнуваат дека измените се донесени како резултат на политички договор помеѓу власта и опозицијата, оценувајќи дека директно ја загрозуваат работата на медиумите во време на предизборна кампања и се во спротивност со претходните укажувања и ставови на еснафските здруженија.

„Ставот на ЗНМ, ССНМ и СЕММ што им беше познат на партиите е да се укине платеното политичкото рекламирање за време на изборни кампањи во приватните медиуми, а измените во Изборниот законик не само што го озаконуваат истото, туку и овозможуваат тоа да биде направено со јавни пари од граѓаните“, се посочува во соопштението.

Медиумските организации наведуваат дека уште поголем апсурд е што измените и дополнувањата во Изборниот законик ѝ даваат овластување на Државната изборна комисија, на чија што, посочуваат, „ефикасност“ бевме сведоци во сите изборни циклуси, да ги регистрира онлајн медиумите што ќе известуваат за изборите како и да ја мониторира и оценува нивната работа.

Поврзани новости