ЗНМ денеска ќе ги додели годинешните награди

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ќе ги додели годинешните награди за новинари во три категории. Доделувањето ќе започне во 12 часот во Мала Станица.

Ќе бидат доделени награди во категориите: за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

Поврзани новости