Зеленски во паника

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати пред претставниците на НАТО и сојузниците во американската воздухопловна база Рамштајн и апелираше да ѝ се испратат на Украина стотина тенкови за да се одбрани од руската инвазија.

Тој преку видеолинк се заблагодари на поддршката од сојузните и западните земји, додавајќи оти не може да губи време на разговори.

– Војната што ја почна Русија не дозволува одложувања. Стотина благодарности не се стотина тенкови. Во ваша моќ е да ни ја обезбедите артилеријата што ни треба, истакна Зеленски пред министрите за одбрана од околу 50 земји собрани во Рамштајн.

Поврзани новости