Зеленски: Украина е подготвена за мировниот договор со САД и Европа

by irena 19:21
19:21

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да продолжи со мировниот договор поддржан од САД и е подготвен да разговара за чувствителните точки со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во тие разговори, тој верува, треба да бидат вклучени европските сојузници.

Во говорот на состанокот на Коалицијата на волјата, Зеленски ги повика европските лидери да се договорат за рамка за распоредување „сили за убедување“ во Украина и да продолжат да го поддржуваат Киев сè додека Москва не покаже подготвеност да ја заврши војната.

На состанокот на Коалицијата на волјата, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, виртуелно беше присутен и американскиот државен секретар Марко Рубио, што е редок пример за американско учество во коалициските дискусии, објави новинската агенција ПА.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, исто така, учествуваше на виртуелниот состанок, објави прес-службата на НАТО.

Слични вести