Фатен е гевгеличанец баран со потерница, ќе лежи осум и пол години затвор

by irena 19:04
19:04

МВР информира дека денеска околу 10:00 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, го лишија од слобода И.Ѓ. (26) од Гевгелија на подрачје на ЕВР Гази Баба.

Лицето се барало по издадена Централна потерница од Основниот суд во Гевгелија за кривични дела поврзани со криумчарење мигранти, трговија со луѓе и трговија со малолетни лица, за што е осудено на осум години и шест месеци затвор.

По приведувањето, И.Ѓ. е предаден во КПУ-Затвор Идризово, каде ќе продолжи понатамошната постапка.

Слични вести