Зеленски потпиша закон – Божиќ и во Украина ќе се празнува на 25 декември

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон за промена на датумот на националниот празник Божиќ во Украина од 7 јануари на 25 декември, како дел од напорите да се „откажат од руското наследство“.

Со натамошните измени, Денот на државноста на Украина ќе се помести од 28 јули на 15 јули, а наместо на 14 октомври, Денот на бранителите на Украина и Денот на посредувањето на Пресвета Богородица ќе се слави на 1 октомври, објави „Киев Индипендент“.

Независната (автокефална) православна црква на Украина во четвртокот го усвои новиот јулијански календар, а промената ќе стапи на сила на 1 септември.

Поврзани новости