713
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е „подготвен за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој предупреди дека ако не успеат тоа би значело дека се случува Трета светска војна.
-Подготвен сум за преговори со него. Бев подготвен во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна. Мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса за да имаме можност за преговарање, можност за разговор со Путин – рече Зеленски.
И во видео-пораката објавена во саботата, тој повика на разговори „без одлагање“, предупредувајќи дека во спротивно загубите на Русија ќе бидат „огромни“.