Затворен скопски локал после настап на Владо Георгиев

by Фокус

Без дистанца и маски, синоќа во угостителскиот објект „Мош“ во Скопје се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев.

Локалот е затворен, но не поради непочитување на мерките во борбата против пандемијата, туку поради пречекорување на работното време.

Од Државниот инспекторат велат дека минатата недела против истиот локал била поднесена кривична пријава.

Но, на Фејсбук страницата на Мош стои најава за уште еден концерт на Георгиев, што требаше да се одржи вечерва.

Притоа, стои и препораката за почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Поврзани новости