Запленети 250 тони пиротехнички средства во пограничната област меѓу Германија и Холандија

by Fokus

Германската и холандската полиција денеска заплениле стотици тони нелегална пиротехника, во пограничната област меѓу двете земји, јави агенцијата ДПА.

Според полицијата, биле запленети околу 250 тони пиротехника складирана во складиште во близина на Охтруп во северозападна Германија, 20 километри од холандскиот град Еншеде.

Џек Сеим, експерт за пиротехника од холандската полиција, некои од запленетите пиротехнички средства ги опиша како опасни по живот.

Двајца осомничени се уапсени во Холандија, за кои се верува дека се лидери на криминална група, изјави портпаролот на полицијата во Оснабрик.

Осомничените ги продавале пиротехничките средства преку Интернет, главно во Холандија, а дел можело да се купи во продавници во пограничниот регион. Вкупната пазарна вредност на одземената пиротехника е над 15 милиони евра.

Поврзани новости