Студено време со утринска магла

by fokus

Времето ќе биде студено, наутро со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје наутро ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, каде и дневните температури ќе бидат пониски.

За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени.

Поврзани новости