Замена на фингерпринт-апарати

by fokus

Во едно избирачко место во општина Росоман, во село Трстеник, не работел фингерпринт-апаратот и бил заменет со нов.

Затоа, таму гласањето ќе продолжи за еден час и 50 минути, потврдуваат од Општинската изборна комисија.

Иста ситуација имало и во избирачко место во Лабуништа, каде исто така бил заменет апарат.

Ова се само дел од избирачките места каде се појавија технички проблеми со идентификациските уреди за отпечатоци.

Некаде проблем е функционирањето на уредите, а некаде, како што велат од избирачките одбори, има проблем со читање на отпечатоците на гласачите.

Во таква ситуација, тие гласаат на стар начин, со проверка со УВ-ламба, а гласачите оставаат отпечаток на избирачкиот список.

Инаку, утрово доцнеше гласањето и во гласачкото место во Коле Неделковски, во Општина Центар, поради проблем со системот кој ги поврзува уредите за скенирање на отпечатокот.

Поврзани новости