Излезност од 3,30 проценти, технички проблеми во повеќе места

by fokus

Излезноста на гласачките места до 9 часот е 3,30 проценти, врз основа на обработените податоци.

Како што изјави претседателот на Државната изборна комисија, гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени.

Процесот на гласање е во тек, додаде тој, посочувајќи дека техничките проблеми во одредени избирачки места се надминуваат.

-Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму – вели Даштевски.

Инаку, ДИК е испратил меил до сите општински изборни комисии кој го прочита првиот човек на Комисијата:

„Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена“.

Поврзани новости