Законот за амнестија помина на прво читање во собраниската комисија

by fokus

Предлог-законот за амнестија денеска во прво читање беше усвоен од членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Усвоени беа и измените и дополнувањата на неколку закони што се однесуваат на администрацијата.

Со новиот предлог-закон за амнестија се опфаќаат лица осудени на казна затвор до шест месеци, односно лесни кривични дела, а за останатите затвореници е предвидено намалување на казната за 30 отсто, освен за дела изземени од амнестијата.

Не се предвидува амнестија на лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на убиство, за кривични дела против избори и гласање, против половата слобода и половиот морал, за кривични дела против државата, против јавниот ред и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Поврзани новости