СДСМ се подготвува за опозиција, ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада

by Fokus

Во вечерашната дебата на ТВ КЛАН, Андреј Петров од СДСМ го призна поразот на неговата партија и порача дека треба да се извлече поука од изборниот резултат.

„Во споредба со минатите избори имаме помалку околу 140 000 гласови. Пораката на граѓаните е јасна спрема СДСМ. Ние треба да се бориме за секој глас во овој втор круг. Но, едное сигурно дека ние треба да се спремаме за опозиција и да извлечеме поука од грешките. Дел од гласовите се прелеаја во некои други партии, дел од граѓаните останаа дома. Вољата на граѓаните беше голема во првиот круг иако во вториот изборен круг се почнува од нула“, рече Петров.

Според Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ, резултатите не биле изненадувачки.

„Најавуваме дека ВМРО ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на двојните избори и она што се случи вчера ги потврди сите наши тези. Дури и нај оптимистичките анкети не предвидуваа ваква убедлива победа. Но никој не споменуваше разлика од 180 000 гласови. Она што го кажувавме во 2019 година после овие 5 години на претседателствување на Пендаровски пукна како меур од сапуница“ – вели Јанушев.

Никола Мемов од ЗНАМ, партијата чиј лидер е Максим Димитриевски рече дека се задоволни сме од изборните резултатите.

„Очекуваме приливот на гласови значително да порасне во вториот изборен круг, да имаме најмалу 10 пратеници. Малку не изненади позитивниот број на гласови кај Силјановска Давкова. Гласовите за Давкова се повеќе партиски гласови отколку гласови за личност. Ние цело време кажувавме дека анкетите го креираат јавното мислење но ние сме мала партија и имаме одличен резултат. Очекуваме зголемување на нашите гласови за 30% а драстичен пад кај СДСМ“ рече тој.

Љуљзим Фаризи, политички аналитичар смета дека за првпат во историјата има два табора на партиите на Албанците.

„Албанците максимално може да земат од 30 до 32 пратеници затоа што толку останавме Албанци во државата, се забележува тренд на иселување. Тезата дека Албанците може да ги уценуваат македонските политички партии паѓаат во вода. Очекувам околу 120.000 гласови за Европскиот фронт во вториот изборен круг. Мислам дека албанската опозиција може да извади повеќе гласови во вториот изборен круг” – истакна Фаризи.

Поврзани новости