Обвинителот предложи Грујевски и Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија

by fokus

Да се екстрадираат во Македонија поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање, му предложил обвинителот на Советот на судии, според грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, на денешното рочиште во солунскиот суд, објави МИА.

Судењето беше прекинато, ќе продолжи в петок кога ќе биде соопштена и конечната одлука. Грчката новинска агенција, повикувајќи се на свои информации, објавува дека одбраната на Грујоски и Бошковски тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија.

„Според информациите, кога беа повикани да дадат исказ зошто не сакаат да бидат екстрадирани во ПЈРМ, изразија „страв за нивните животи“, додека пак тврдеа дека во нивната земја „нема да добијат фер судење“. Исто така ги негираа обвиненијата за кои што се товарат и го карактеризираа „политички“ нивниот прогон“, пишува државната агенција АПЕ-МПЕ.

Во случај советот на судии в петок да одлучи Горан Грујоски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.

Поврзани новости