Груевски контра Димовски и Милошоски: Немаат докази за обвинувањата, и тие гласаа за Конгресот

by fokus

Лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска преку фејсбук статус реагираше на вчерашното барање за одложување на Конгресот, потпишано од повеќе видни функционери на партијата меѓу кои и Илија Димовски и Антонијо Милошоски. Груевски вели дека одлуката за Конгрес на 23 декември била едногласна и тврди дека тој целиот перид стоел настрана.

-Напоменувам дека некои од поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази и не се потврдија при проверките во нивно присуство. Тоа не значи дека тие сакале да ме излажат, но, може да значи дека добиле неточни, невистинити или непроверени информации од теренот. Има и такви случаи каде што лицето кое информирало за некое несоодветно однесување на некој од кандидатите или неговите поддржувачи едно им вели ним на оние кај кои информирало, друго или спротивно на други кои го проверуваат истото. Во некои од случаите при образложувањето на забелешките не се откриваа имиња со цел да се заштитат лицата кои за нешто ги информирале, што е легитимно, но тоа попречува било каква проверка и утврдување на фактите во ситуација кога конкурентот го негира истото. Ова значи дека забелешката може да е точна, а може и да не е точна, но нема начин да се утврди вистината, пишува Груевски.

Тој потенцира дека дел од неговите соработници поддржувале кандидатура на кандидат кој се откажал и додава дека ЦК треба да ја донесе конечната одлука, за измена на одлука која што вели веќе е изгласана.

Поврзани новости