Закажана е седница на Комисијата за надзор над АНБ и АР, пратениците ќе одат и во надзорна посета

by vlatko 21:16
21:16

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вечерва извести дека седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР ја закажал за 10-ти септември.

„Ве известуваме дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година“, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Истовремено, велат од таму, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

„Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните“, пишува во соопштението.

Слични вести