ЦУК: Еден активен пожар на отворен простор

by vlatko 21:06
21:06

До 18 часот попладнево на територијата на земјава се регистрирани девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се осум, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот на градската депонија во Штип. Изгаснати се осум пожари на отворен простор:

-Општина Гевгелија: планина Кожуф (приземен пожар);

-Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);

-Општина Кичево: с. Шутово (ниска вегетација и стрниште);

-Општина Центар Жупа: с. Горенци (депонија и ниска вегетација);

-Општина Гази Баба: Вардариште (депонија);

-Општина Шуто Оризари 1: Визбегово, пат за Горно Оризари (ниска вегетација);

-Општина Шуто Оризари 2: ул. „5“ во Визбегово (ниска вегетација);

-Општина Кисела Вода: ул. „Христо Татарчев“ (ниска вегетација).

Слични вести