Захариева: Политичарите во Скопје се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија

by Fokus

Политичарите во Скопје наместо да одат по патот на доброседството, „се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС.

Таа ова го кажува во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ и додава дека Бугарија сака земјава „да ги отвори своите архиви на тајните служби и да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови“.

-Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија. . Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите. Никој не ги бира соседите, нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ако не сега, тогаш во историјата“, вели Захариева во интервјуто.

Таа потврдува дека во Брисел разбираат дека „македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е местото во ЕУ“.

-Треба да бидеме наивни за да речеме дека Брисел не ја разбира нашата загриженост. Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, свестете се“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на заевизмот, вие го враќате фашизмот“. Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен – вели Захариева.

На прашањето во врска со однесувањето на навивачите на фудбалскиот натпревар на репрезентациите на двете држави во Скопје, Захариева порачува дека „на политичарите во Скопје едно треба да им биде јасно“ дека ЕУ гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа.

– Но наместо да одат по патот на добрососедството, тие сѐ уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија. Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите. Никој не ги бира соседите, нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ​​ако не сега, тогаш во историјата“, додава поранешната шефица на бугарската дипломатија.

На претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за в недела, Захариева е еден од кандидатите на ГЕРБ за пратеник и носител на листа во Пазарџик.

За време на владата предводена од лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, а во која Захариева беше министер за надворешни работи Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на С Македонија со ЕУ. Ветото беше кренато во јуни годинава за време на владата на Кирил Петков и усвојувањето на францускиот предлог.

Минатата година во Бугарија беа одржани три последователни изборни циклуси. Дури во последниот обид беше направена влада предводена од новиот политички субјект „Промената продолжува“, во која клучна улога имаше двоецот Кирил Петков – Асен Василев, двајцата министри во техничките влади на претседателот Румен Радев.

Нивната коалиција, во која партиципираа и БСП, Демократска Бугарија и ИТН траеше нешто повеќе од шест месеци. Кабинетот на Петков беше избран на 13 декември минатата година. Недоверба на неговата влада и беше изгласана на 22 јуни оваа година.

 

Поврзани новости