Захариева: Одлагањето ќе ги зголеми шансите Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите со ЕУ

by Фокус

Ќе биде историска грешка ако преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија не почнат сега, но добро е што во моментот двете земји не се разделени, смета бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

-Добрата вест, според мене, е дека двете држави не се разделуваат во оваа етапа, нешто што го посакуваат некои држави-членки на ЕУ, но позицијата на Бугарија е одамна јасна и таа е силна поткрепа за проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан. Јас гледам повеќе позитивно на одлагањето. Сега ќе имаше помала шанса и двете да започна заедно. Бугарија ги поддржува и двете. Тоа е нашата позиција. Ние сметаме дека ќе биде историска грешка ако не започнат и двете сега – рече Захариева за бугарското радио „Хоризонт“.

Таа ваквата порака ја упати во пресрет на заседанието на Европскиот совет, кој се одржува денеска и утре, откако претходно во Луксембург беше решено одлуката за доделување на датум за почеток на преговорите на двете земји од Западен Балкан да се одложи за наесен.

Поврзани новости