Загина 24 годишно момче во сообраќајка на излезот од Битола

by Fokus

Момче (24) од селото Чарлија (Могила) загина попладнево по тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола.

Информациите се дека се судриле комбе кое превезувало вработени во фирмата „Кромберг и Шуберт“ со автомобил кој изгубил контрола.

Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените биле пренесени со полициски возила и возила што биле на местото на несреќата.

Возачот на патничкото возило починал веднаш по судирот.

Поврзани новости