Загадувањето е намалено, но се уште над дозволеното

by fokus

Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат.

Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации на ПМ 10 честички од 84 во Центар, 97 во Карпош, 131 кај Ректорат, 120 во Миладиновци и 70 во Бутел.

Од вчера освен кај Ректорат каде се регистрирани концентрации над 200 микрограми, секаде се под оваа граница, но се сепак над дозволените 50 микрограми.

Поврзани новости