Заев: Забрана за сите летови од Велика Британија за Македонија

by Fokus

На денешната седница на Кризниот штаб е донесена одлука да се забранат сите летови од Велика Британија во земјава, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија, напиша Заев.

Поврзани новости